ПРЕДИЗВИК ЗА ОВОЈ ХАКАТОН

“Како да се намали сивата економиjа во е-трговиjа?”

Сивата економија е штетна за сите нас! Придонеси да ја намалиме сивата економија во е-трговија

Сивата економија претставува секоја економска активност која се обавува на начин со цел да се избегне законот и да не се платат даноците во корист на одредени лица. 

Пред да продолжите со читање ве повикуваме да го погледнете следното видео за да добиете слика за сивата економија воопшто.

Пандемијата придонесе за забрзување на растот на е-трговијата, се зголеми бројот на граѓани кои нарачуваат онлајн, како и понудата за купување на производи и услуги онлајн од страна на компаниите. Компаниите при процесот на адаптација и дигитализација се соочија со бројни предизвици. Но исто така еден од главните предизвици за нив претставува и нелојалната конкренција, од нерегистрирани продавачи кои не ги плаќаат даноците и му штетат на легалниот бизнис. 

Покрај растот на продажбите кај регистрираните е-трговци се зголеми и бројот на нерегистрирани субјекти кои целата своја дејност ја обавуваат преку социјалните медиуми. Овие субјекти нудат најразлична роба и производи, а кои се нарачуваат преку пораки на социјалните медиуми, без издавање на сметка/фактура или можност за враќање и изразување на незадоволството доколку купувачот не го добил она што му било ветено. 

Така растеше и незадоволството на дел од граѓаните кои во недостаток на место за пријавување на нерегуларности, го пријавуваат своето незадоволство во АЕТМ. 

Најголем број од поплаките од купувачите се однесуваат на купување преку социјални медиуми, од нерегистрирани е-трговци и добивање на комплетно друг производ од нарачаниот или пак на неможноста да се стапи во контакт со продавачот за рефундација на средстата или пак рекламација на одреден производ.

Купувачите при ваквите нарачки, во услови кога не добиле сметка или фактура за купувањето немаат можност да бидат заштитени како потрошувачи и да бидат заштитени согласно закон од наделжните институции (Дражаниот пазарен инспекторат во случајот). Од друга страна, предизвикот е голем и на страната на институциите кои имаат недостаток на капацитети и вештини да ги детектираат и да се справат навремено со нерегистрираните продавачи. Најдобртата стратегија во случајот би била Превенирај и спречи навремено, бидејќи откако корисникот веќе го платил производот без потврда за купувањето институцијата нема начин да му помогне во остварување на неготово право.

Од другата страна се замите купувачи кои треба да се мотвираат и едуцираат самите да се заштитат себе си. 

Ти или твојот тим има можност да одбере да креира солуции за една од следните 2 категории: 

ЕДУЦИРАЈ И МОТИВИРJ
powered by НЛБ БАНКА АД Скопје

Одберете го овој предизвик ако сакате да работите на решение кое ќе:

  • придонесе за кревање на свеста за штетноста од сивата економија за општеството во целина
  • едуцира и информира (фокус кон бизнисите и/или кон потрошувачите)
  • ги мотивира купувачите да ја избегнуваат сивата економија
  • ги мотивира нерегистрираните субјекти да влезат во системот   

Во овој предизвик од вас се очекува да изработите креативни решенија (веб платформи, апликации, национални кампањи, едукативни видеа, квизови, игри, тренинзи или друго) кои ќе придонесат за подигнување на свеста за сивата економија на граѓаните и бизнисите или ќе претставуваат информативни центри за сите работи поврзани со сивата економија во е-трговијата кои ќе мотивираат истата да се одбегнува.

ДЕТЕКТИРАЈ И СУЗБИЈ
powered by КАСИС АД Скопје

Одберете го овој предизвик ако сакате да работите на решение кое ќе:

  • помогне во лоцирање на активностите кои се дел од сивата економија
  • ќе делува корективно
  • ќе стимулира детектираните активности да станат дел од системот и да се регистрираат  

Во овој предизвик од вас се очекува да изработите концепт за креативни решенија (веб платформи, мобилни или веб апликации или други форми на решенија) кои ќе помогнат за полесно детектирање на постоечката сива економија во е-трговијата, преку вклучување на самите граѓани и онлајн купувачи во процесот. 

Што се очекува од тимовите? По 48 часа се очекува да изработите:

  • Концепт  од веб или мобилна апликација или другa форма на предлог решение (заедно со архитектура и UML дијаграми ако се работи за апликација)
  • Mаркетинг-комуникациска стратегија
  • Pitch презентација или видео презентација на предложеното решение во времетраење до 5 минути (10 слајдови доколку е презентација од тимот)

Во организација со поддршка на: