Хакираj jа сивата економиjа и подобри jа е-трговиjата
Хакираj jа сивата економиjа и подобри jа е-трговиjата
Онлајн студентски Hack-a-thon[14.05-16.05]
Главен организатор:
Зошто е штетна сивата економиjа?
Зошто е штетна сивата економиjа?
Повисока сива економија значи понизок квалитет на јавни услуги и добра, образование, здравство. Потрошувачите кои учествуваат во сивата економија не се заштитени, а нерегистрираните субјекти креираат нелојална конкуренција на оние кои си ги плаќаат давачките. Сивата економија му штети на нашето општество, на економскиот развој на земјата и со тоа директно на сите нас.
ПРЕДИЗВИК ЗА ОВОЈ ХАКАТОН
Како да се намали сивата економиjа во е-трговиjа?
“Како да се намали сивата економиjа во е-трговиjа?”
Предизвикот е поделен во две категории, а секој тим ќе креира решение за една од нив:
ПОБЕДНИЧКИ РЕШЕНИЈА ОД ХАКАТОНОТ
На првиот виртуелен хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија земаа учество 50 студенти од Економскиот факултет во Скопје и ФИНКИ кои работеа на креативни решенија кои ќе придонесат кон адресирање и намалување на сивата економија во е-трговијата.
Хакатонот траеше 48 часа, а студентите во нивната работа беа менторирани од 18 ментори од приватниот сектор, Управата за јавни приходи и Царинската управа на Република Северна Македонија. По 48 часовната работа од страна на стручно жири беа избрани три победнички решенија кои беа наградени со финансиска поддршка од 1000 евра по решение.
ПОБЕДНИЧКИТЕ РЕШЕНИЈА СЕ:
proveriprodavnica.com – веб екстензија за google chrome пребарувач која прави автоматска проверка на валидност на одредена е-продавница согласно регистарот на е-трговци. Целта на оваа екстензија е да детектира сомнителни е-трговци, како и да ги информира купувачите за валидноста на е-трговец при онлајн купување.
natapet.mk – веб платформа каде може да се прочитаат и остават рецензии за е-трговци со цел да се информираат е-купувачите за валидноста и интегритетот на е-продавниците во Македонија. Воедно платформата во втор план има и цел да ги едуцира нерегистрираните пријавени е-трговци како да го регистрираат својот бизнис и ја одбегнат сивата економија, со цел да изградат квалитетни и задоволни купувачи.
proveripakupi.mk – регистар на сите регистрирани е-продавници со категоризација за лесно навигирање и проверка на регистрираните е-трговци. Целта на ова решение е да ги стимулира граѓаните да проверуваат од каде купуваат, пред да направат нарачка со цел да се поттикне купувањето од регистрирани е-трговци и се придонесе кон позитивно искуство со е-трговијата.