ДЕТЕКТИРАЈ И СУЗБИЈ
Голем дел од граѓаните веќе имаат направено барем по една онлајн купување/плаќање во својот живот, без разлика дали станува збор за онлајн плаќање на сметки или купување на производ или услуга онлајн, од домашни или интернационални е-трговци. Со појавата на пандемијата и ограничувањата за излегување од државата и долгите рокови за достава од интернационални е-трговци, значително порасна понудата на домашните е-трговци, а со тоа пораснаа и бројот на нарачките кон домашните е-трговци. Но, покрај регистрираните е-трговци се појавија и бројни нерегистрирани е-трговци кои целата своја дејност ја обавуваат преку социјалните медиуми, без издавање на гаранција за безбедноста на своите производи или пак потврда за направеното купување. Следствено на ова, со зголемување на понудата растеа и порачките од домашните е-трговци (вклучително и нерегистрираните), па така растеше и незадоволството на дел од граѓаните кои во недостаток на место за пријавување на нерегуларности, го пријавуваат своето незадоволство во АЕТМ. Најголем број од поплаките од купувачите се однесуваат на купување преку социјални медиуми, од нерегистрирани е-трговци и добивање на комплетно друг производ од нарачаниот или пак на неможноста да се стапи во контакт со е-трговецот за рефундација на средстата или пак рекламација на одреден производ.
Купувачите при тоа немаат можност да го исполнат своето потрошувачко право и да го пројават своето нездоволство од неквалитетниот купен производ или недоволно добро извршената услуга толму поради немањето потврда за плаќање. Купувачите исто така немаат начин да им помогнат на другите потенцијални купувачи да не бидат и тие „оштетени” во некое идно онлајн купување.
Втората категорија „Детектирај и сузбиј” ќе има за цел да влијае корективно врз бизнисите кои веќе работат во сивата зона на е-трговијата. Од тимовите кои ќе работат во оваа категорија се очекува изработка на концепт за креативни решенија (веб платформи, мобилни или веб апликации и друго) кои ќе помогнат за полесно детектирање на постоечката сива економија во е-трговијата, преку вклучување на самите граѓани и онлајн купувачи во процесот.
Од студентите се очекува на крајот на хакатонот да достават:
- Концепт од веб или мобилна апликација или друго предлог решение (заедно со архитектура и UML дијаграми)
- Изработена маркетинг-комуникациска стратегија
- Кратка видео презентација на предложеното решение