WINNERS 🏆

За Хакатонот

За Хакатонот2021-04-16T13:25:13+00:00

Зошто е потребен овој хакатон?

Согласно извештаите од анализа на е-трговијата во 2018 и 2020 година, едни од главните мапирани бариери за раст на бизнисите во е-трговијата се: сивата економија и нелојалната конкуренција

Дополнително, бариери за раст се и: ниската свест за негативните последици од сивата економија, како и ниското ниво на дигитални вештини на е-купувачите.

АETM се стреми да придонесе за раст и развој на е-трговијата, а сивата економија и нелојалната конкуренција се пречка за развојот и поради тоа, АЕТМ презема бројни активности за нивно намалување, меѓу кои е и организацијата на овој хакатон.

ПРЕДИЗВИК ЗА ОВОЈ ХАКАТОН

“Како да се намали сивата економиjа во е-трговиjа?”

1.

ЕДУЦИРАЈ И МОТИВИРАЈ

Креирај решенија кои ќе придонесат за подигнување на свеста за сивата економија и ќе мотивираат истата да се одбегнува.

2.

ДЕТЕКТИРАЈ И СУЗБИЈ

Креирај решенија кои ќе помогнат за детектирање и сузбивање на посетоечката сива економија во е-трговијата.

ВАЖНИ ДАТУМИ

21.04-10.05

Во овој период студентите ќе имаат можност да се пријават за учество на Хакатонот

20.04-10.05

Во овој период студентите ќе имаат можност да се пријават за учество на Хакатонот

05.05.2021

Инфо сесија за дополнителни прашања на заинтересираните студенти-учесници

05.05.2021

Инфо сесија за дополнителни прашања на заинтересираните студенти-учесници

13.05.2021

Регистрација на учесниците, поделба по тимови и запознавање со правилата.

13.05.2021

Регистрација на учесниците, поделба по тимови и запознавање со правилата.

14.05-16.05

Одржување на прв 48 часовен хакатон за намалување на сива економија во е-трговија.

Често поставувани прашања

Што е хакатон?2021-04-14T22:09:05+00:00

Хакатон е настан, каде што учесниците се здружуваат за да создадат решенија и концепти од нула, за краток период, решавајќи ги тековните проблеми. Постојат хакатони со различно времетрање и различен вид, но една заедничка карактеристика за сите хакатони е дека тие се центрирани околу одредена тема.

Имам идеја но немам тим. Може ли да учестувам?2021-04-19T17:23:08+00:00

Може. Ова е студентски хакатон каде доколку сте студент на ФИНКИ или Економски факултет – Скопје, може да се пријавите и со индивудална пријава. Важно е да ја наведеш причината зошто баш ти треба да бидеш во топ 50 студенти кои ќе земат учество на овој хакатон и како ќе придонесеш за намалување на сивата економија.

Како оди процесот на пријавување?2021-04-19T17:23:48+00:00

Можете да се пријавите со пополнување на пријавата во делот на “ПРИЈАВИ СЕ“ или на овој линк, најдоцна до 10 мај. Пријавувањето може да биде индивидуално или во тимови. Тимовите треба да бидат во мешан состав на студенти од ФИНКИ и Економски факултет – Скопје, додека пак доколку сте пријавени како индвидуалци, ќе бидете соодветно распоредени во тим. Важно е да знаете дека еден од клучните фактори за да учествувате на овој хакатон е да ни прикажете зошто вие сте правиот студент кој треба да присуствува преку одговор на прашањето “Како ќе придонесеш кон решавање на предизвикот на овој хакатон?“, кое се наоѓа во самата пријава.

Каква е агендата на хакатонот?2021-04-19T17:24:46+00:00

Првата средба со учесниците на овој настан ќе биде направена на 13 мај каде ќе бидат претставени тимовите и правилата на хакатонот. Во петок на 14 мај од 17:00 ќе биде и официјалното отворање на Хакатонот. Веднаш по завршување на официјалното отворање, се претставуваат тимовите и се започнува со работа за развој на креативни решенија. Тимовите ќе имаат 48 часа преку кои ќе ги реализираат нивните концепти и ќе подготват презентација за истите кои во недела ќе ги презентираат пред 5 членото жири. Во склоп на 48те часа, студентите ќе имаат можност да се консултираат со нивните ментори со цел да го развијат и креираат победничкото решение.

Каде / како ќе биде организиран?2021-04-19T17:25:07+00:00

Хакатонот ќе биде организиран целосно онлајн со користење на две апликации Slack/Discord + Zoom. Отворањето на хакатонот и презентациите на присутните ќе се одвива преку Zoom, додека целата комуникација во текот на 48те часа на развој на идејата ќе се реализира преку slack канали, до кои соодветно ќе имаат пристап членовите на тимот и менторите.

Што/кои се очекуваните решенија?2021-04-14T22:07:51+00:00

Очекуваните решенија може да бидат во форма на концепт решение – мокап кој ќе биде изработен во текот на 48 часа, а потоа победниците ќе добијат финансиска поддршка за да го изработат решението најмалку во бета верзија со цел да може да се имплементира и тестира (MVP). 

Дали ќе имаме поддршка при развивањето на идеите?2021-04-14T22:08:00+00:00

Секако. Во рамки на 48 часовниот хакатон со вас како ментори ќе бидат врнвни експерти од различни теми вклучувајќи, маркетинг, ит, е-трговија, сива економија, бизнис развој итн… Менторите ќе бидат на располагање за студентите да ги насочат кон развој на правилен концепт од нивната идеја.

Кои се критериумите за оценување?2021-04-14T22:08:08+00:00

Проектот кој секој пријавен тим го поднесува мора да е развиен од тимот, единствено како дел од овој хакатон. При евалуација на идеите, ќе се сметаат следните критериуми:

  • Импакт на решението согласно поставената цел (20%)
  • Изводливост односно можност за имплементација на предложеното решение (20%)
  • Маркетинг-комуникациска стратегија (20%)
  • Презентација (20%)
  • Способности и вештини на тимот (20%)
Дали ќе има награди за победниците?2021-04-14T22:08:17+00:00

Да. Ќе има финансиска и советодавна помош која ќе служи за развој на победничките идеи.

Кој ќе ги оценува решенијата од хакатонот?2021-04-14T22:08:26+00:00

Решенијата од хакатонот ќе бидат оценувани од стручно жири.

Кој може да учествува и дали се плаќа за учество?2021-04-19T17:26:07+00:00

Може да учестувваат студенти или студентски тимови, составени од најмногу 5 студенти од ФИНКИ и Економски факултет – Скопје (млади информатичари, дигитални маркетери, иноватори и креатори од цела Македонија). Учеството за сите учесници е бесплатно.

Што треба да имам пред започнување со Хакатонот?2021-04-16T16:13:52+00:00

Добар интернет и компјутер. Што е најважно – желба за работа во тим и насмевка на лицето.

Што ако не сум меѓу победниците?2021-04-16T16:13:40+00:00

Овој хакатон не е само за победа, туку и за учење. Преку хакатонот и процесот на работа во тимови ќе добиете уникатен увид во врска со пазарот за е-трговија и ќе запознаете неверојатни луѓе. Секогаш постои следната година и вие сте повеќе од добредојдени да ни се придружите во некоја следна прилика.

Пропуштаме нешто?2021-04-16T16:13:26+00:00

Ако не сме одговориле на сите ваши прашања, слободно пишете ни на: info@ecommerce.mk

Пријави се уште денес, индивидуално или во тим и придонеси за решавање на општествен проблем.
Пријави се

Во организација со поддршка на:

МЕНТОРИ

Виктор Стојкоски
Виктор Стојкоски
Асоцијација за е-трговија на Македонија
Виктор Стојкоски
Виктор Стојкоски
Асоцијација за е-трговија на Македонија
Виктор Стојкоски
Виктор Стојкоски
Асоцијација за е-трговија на Македонија
Виктор Стојкоски
Виктор Стојкоски
Асоцијација за е-трговија на Македонија
Виктор Стојкоски
Виктор Стојкоски
Асоцијација за е-трговија на Македонија
Виктор Стојкоски
Виктор Стојкоски
Асоцијација за е-трговија на Македонија
Виктор Стојкоски
Виктор Стојкоски
Асоцијација за е-трговија на Македонија
Виктор Стојкоски
Виктор Стојкоски
Асоцијација за е-трговија на Македонија
Виктор Стојкоски
Виктор Стојкоски
Асоцијација за е-трговија на Македонија
Виктор Стојкоски
Виктор Стојкоски
Асоцијација за е-трговија на Македонија
Виктор Стојкоски
Виктор Стојкоски
Асоцијација за е-трговија на Македонија
Виктор Стојкоски
Виктор Стојкоски
Асоцијација за е-трговија на Македонија
info-5@2x
icon-1@2x

Find the ultimate virtual assistant for your business

Donec est tristique eu massa pellentesque non sit sit donec. Proin auctor est vehicula.

What is a VA exactly?
Go to Top