Можете да се пријавите со пополнување на пријавата во делот на “ПРИЈАВИ СЕ“ или на овој линк, најдоцна до 10 мај. Пријавувањето може да биде индивидуално или во тимови. Тимовите треба да бидат во мешан состав на студенти од ФИНКИ и Економски факултет – Скопје, додека пак доколку сте пријавени како индвидуалци, ќе бидете соодветно распоредени во тим. Важно е да знаете дека еден од клучните фактори за да учествувате на овој хакатон е да ни прикажете зошто вие сте правиот студент кој треба да присуствува преку одговор на прашањето “Како ќе придонесеш кон решавање на предизвикот на овој хакатон?“, кое се наоѓа во самата пријава.