Првата средба со учесниците на овој настан ќе биде направена на 13 мај каде ќе бидат претставени тимовите и правилата на хакатонот. Во петок на 14 мај од 17:00 ќе биде и официјалното отворање на Хакатонот. Веднаш по завршување на официјалното отворање, се претставуваат тимовите и се започнува со работа за развој на креативни решенија. Тимовите ќе имаат 48 часа преку кои ќе ги реализираат нивните концепти и ќе подготват презентација за истите кои во недела ќе ги презентираат пред 5 членото жири. Во склоп на 48те часа, студентите ќе имаат можност да се консултираат со нивните ментори со цел да го развијат и креираат победничкото решение.
Leave A Comment