ТРИ ПОБЕДНИЧКИ РЕШЕНИЈА

На првиот виртуелен хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија земаа учество 50 студенти од Економскиот факултет во Скопје и ФИНКИ кои работеа на креативни решенија кои ќе придонесат кон адресирање и намалување на сивата економија во е-трговијата.
Хакатонот траеше 48 часа, а студентите во нивната работа беа менторирани од 18 ментори од приватниот сектор,  Управата за јавни приходи и Царинската управа на Република Северна Македонија. По 48 часовната работа од страна на стручно жири беа избрани три победнички решенија кои беа наградени со финансиска поддршка од 1000 евра по решение.

ПОБЕДНИЧКИТЕ РЕШЕНИЈА СЕ:

proveriprodavnica.com – веб екстензија за google chrome пребарувач која прави автоматска проверка на валидност на одредена е-продавница согласно регистарот на е-трговци. Целта на оваа екстензија е да детектира сомнителни е-трговци, како и да ги информира купувачите за валидноста на  е-трговец при онлајн купување.

ВИДИ ПОВЕЌЕ

natapet.mk – веб платформа каде може да се прочитаат и остават рецензии за е-трговци со цел да се информираат е-купувачите за валидноста и интегритетот на е-продавниците во Македонија. Воедно платформата во втор план има и цел да ги едуцира нерегистрираните пријавени е-трговци како да го регистрираат својот бизнис и ја одбегнат сивата економија, со цел да изградат квалитетни и задоволни купувачи.

ВИДИ ПОВЕЌЕ

proveripakupi.mk – регистар на сите регистрирани е-продавници со категоризација за лесно навигирање и проверка на регистрираните е-трговци. Целта на ова решение е да ги стимулира граѓаните да проверуваат од каде купуваат, пред да направат нарачка со цел да се поттикне купувањето од регистрирани е-трговци и се придонесе кон позитивно искуство со е-трговијата.

ВИДИ ПОВЕЌЕ


ПАРТНЕРИ И ПОДДРЖУВАЧИ